Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека апсењето на црногорски дравјанин во Македонија е доказ за странско мешање во внатрешните работи на оваа држава.
„Информацијата објавена во српските медиуми за апсење на Црногорец кој им пружал поддршка на косовско-албанските ектремисти во Македонија е убедлив доказ за плановите за дестабилизација на внатрешнополитичката ситуација во таа земја, планови кои се покренати однадвор“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.
Според мислењето на дипломатскиот ресор на Русија, оваа информација е убедлив доказ за обидот Македонија да се втурне во пеколот на „обоената револуција“.
„Тоа е истовремено и доказ дека западните организатори на ваквите сценарија-катастрофи преферираат да го остваруваат тоа со туѓи раце, користејќи во Украина, а сега и во Македонија, државјани на токму оние земји кои, како што тоа го направи Црна Гора, ја прифатија мамката на НАТО“, смета руското министерство.
Во соопштението се наведува дека е „и повеќе од очигледна опасноста од провоцирање хаос и разгорување на жариште на спротивставување, сега и на Балканот, регион кој сѐ уште се нема опоравено од крвопролевањето во 1990-те години”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче