„Блумберг“: Нафташите на САД трошат милијари за лобирање на антируските санкции

На лобирање за укинување на антируските санкции во ЕУ, САД и Велика Британија, се трошат милиони долари, пишува агенцијата „Блумберг“.

Американските нафтени компании кои поради антирусите санкции сносат загуби во милијарди долари, лобираат рестриктивните мерки спрема руските компании да бидат сведени на минимум. На лобирање за укинување на санкциите во ЕУ, САД и Велика Британија, се трошат милиони долари, пишува агенцијата „Блумберг“.

Нафтените компании БП, Шеврон и Ексон Мобил се обраќаат до домашните лоби-групи за да ги намалат загубите предизвикани од санкциите. Компаниите на тој начин добиваат отворен пат до чиновниците на Стејт департментот и Федералниот трезор, како и до членовите на парламентот.

Според информациите на новинарите на оваа агенција, лобирањето во полза на нафташите го вршат поранешни сенатори. Како пример се наведуваат Џон Бро и Дон Николас, како и поранешниот претседател на државата Мисисипи Хејли Барбур.

„Токму тие имаат корист од тешката ситуација во која се најде рускиот народ“, пишува авторот на статијата.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња