САД сакаат да ја „вовлечат Русија во војна и да ја обвинат за агресија против Украина“

Американците никогаш не криеле дека нивна задача е да ја вовлечат Русија во војна со Украина, изјави политикологот Ростислав Ишченко во интервју за „Њуз Фронт“ (News Front).

Американците никогаш не криеле дека нивна задача е да ја вовлечат Русија во војна со Украина. Тоа се обидуваа да го направат на сите можни начини, за да ја обвинат Русија против „младата демократска држава“, изјави политикологот Ростислав Ишченко во интервју за „Њуз Фронт“ (News Front).

„Тие (властите на САД) не сакаат Украина да победи во оваа војна. За нив е важен фактот дека се одвива војна. Апсолутно не ги интересира борбената способност на украинската војска, како ни фактот дека таа за два дена или две недели би била поразена. За нив е најважно официјално руската војска да се најде на територијата на Украина, за да можат на цел глас да зборуваат за руската агресија насочена против младата, штотуку воспоставена демократија“, смета Ишченко.

„САД веќе година дена се обидуваат да ја вовлечат Русија во војна. Со оглед дека тоа не им појде од рака, тие почнаа да подигаат тензија во Прибалтикот“, изјави политикологот.

Средбата на заменик-државниот секретар на САД Викторија Нулад со украинскиот претседател Петро Порошенко Ишченко ја гледа како обид на САД да ги убеди своите украински партнери „слободно да војуваат, затоа што Америка ќе им го чува грбот“. Како што смета политикологот, „САД, се разбра“, нема да се заземат за Украина“.

Тој додаде дека на САД не им оди во прилог стабилизација на ситуацијата во Украина, затоа што во тој случај САД би морале да го признаат својот пораз. Европската унија тогаш, како што се вели, „би им одмавнала со рака, заблагодарила и рекла дека повеќе не е заинтересирана за нив“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња