Русија ги засилува воените формации на Крим „како одговор на НАТО“

Русија планира да ги засили своите формации на Крим поради зголемените активности на Алијансата во источна Европа, изјави постојаниот претставник на Русија во НАТО Алексадар Грушко, пренесува РИА „Новости”.

Русија планира да ги засили своите формации на Крим поради зголемените активности на Алијансата во источна Европа, изјави постојаниот претставник на Русија во НАТО Алексадар Грушко, пренесува РИА „Новости”.

„Во поглед на квалитетот ништо не се менува, меѓутоа, делумно ќе ги засилиме нашите формации на Крим, раководејќи се од фактот дека државите-членки на Алијансата во последно време ја зголемуваат својата активност во непосредна близина на нашите граници“, изјави Грушко.  

Според него, оваа одлука е донесена и поради неопходната модернизација на руската флота, која Русија не можеше да ја реализира претходно поради опструкциите од украинска страна.

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на 14 мај изјави дека присуството на НАТО во источна Европа е зголемено поради „руската агресија“ во Украина. Тој рече и дека Алијансата во доволна мера го зајакнала своето присуство во балтичките држави.  

Шефот на Комитетот на Советот на Фдерацијата за меѓународни прашања Константин Косачов претходно рече дека потребата за зајакнување на одбранбените капацитети на Русија е предизвикана од чувството за самоодржување и претставува одговор на НАТО, кој тежнее кон надмоќ.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња