Порошенко со закон ги изедначи комунистите и нацистите

Претседателот на Украина Петро Порошенко потпиша закон со кој се забранува пропагирање на комунизам, а се слават националистите.

Претседателот на Украина Петро Порошенко потпиша закон со кој се забранува пропагирање на комунизам, а се слават националистите. Како што прецизира „Ле Монд“, овој документ Украина го донесува за „конечно раскинување со советското минато“, додека доброволците на истокот на земјата „чувствуваат носталгија по СССР“.  

Со овој закон, како што истакнува прес-службата на украинскиот претседател, „се забранува советска симболика, се осудува комунистичкиот режим, се отвораат архивите на советските тајни служби и се признаваат за борци за независноста на Украина“  националистите кои во свое време војувале на страната на нацистите. На тој начин, истакнува изданието, Киев на исто  рамниште ги става комунистичкиот и нацистичкиот режим.

Според украинските закони, сите споменици на советските лидери, вклучително и многубројните статуи на Ленин, треба да бидат демонтирани. Освен тоа, ќе бидат преименувани населбите, улиците и претпријатијата во чии називи се отсликува комунистичкиот режим. Под забрана се најде и химната на Советскиот Сојуз, нејзиното изведување подлежи на казна, дури и со затвор.

Русија жестоко го критикуваше овој закон, обвинувајќи ја Украина за употреба на „тоталитарни“ методи. Според руски претставници, Украина се обидува „да се десоветизира“ поради националистите, и тоа само ја „турка земјата кон пропаст“. И на Запад се искажуваат мислења дека овој закон само ќе ги заостри противречностите во земјата, која и без тоа е растргната од внатрешна борба, истакнува „Ле Монд“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.