Поранешен генерал на НАТО: Русија не нарушила ничии граници

Во сите наводно спорни ситуации поврзани со активности на руската војска во близина на европските граници, тие секогаш остануваа во рамките на меѓународниот воздушен простор или во меѓународните води, смета германскиот генерал Харалд Кујат.

Русија со своите „воени маневри“ не наруши ниту една граница, изјави поранешниот генерал на НАТО Харалд Кујат во интервју за германскиот портал Web.de.

Кујат ја коментираше ситуацијата поврзана со наводно зголемената активност на руската војска до границите на низа европски држави. Од негова гледна точка, Русија се стреми да покаже дека таа е „повторно тука“, вклучително и на воен план, и дека треба да ја сфатат сериозно. Сепак, Русија не планира никакви напади врз европските земји.

„Сакам да потенцирам дека Русија не нарушила ничии граници. Руската војска секогаш остануваше во меѓународниот воздушен простор или во меѓународните води. Директна конфронтација не е в плановите на Путин“, изјави тој.  

Притоа зајакнувањето на своите сили од страна на Северноатлантската алијанса, според него, не претставува закана за Русија. „Никој не сака воено решение“, изјави тој, додавајќи дека НАТО, на негов поглед, презема „воздржани“ мерки. Според него, војна со РФ би била „катастрофа на 21 век“, затоа таквата варијанта треба да се отфрли.

Кујат исто така истакна дека членството на Украина во Алијансата е исклучено „во среднорочна и долгорочна перспектива“. За ова постојат низа причини, а состојбата на работите во земјата – особено високиот степен на корупција – е една од нив. 

Поранешниот генерал на НАТО претходно веќе ја коментираше ситуацијата околу украинскиот конфликт. Во февруари годинава во интервју за каналот „АРД“ Харалд Кујат изјави дека не се согласува со тврдењата дека руска војска учествува во борбените дејствија на истокот на Украина.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.