Заменик-министерот на МНР РФ Сергеј Рјабков, коментирајќи ги изјавите на САД дека системите С-300 „нема да ги спасат“ Иран од напади, потенцираше дека тоа „излегува надвор од границите на нормите на дипломатијата“.
„Не сметам дека е во ред да се зборува за напади врз која било земја, вклучително, се разбира, и врз Иран“, ги цитира зборовите на Рјабков ТАСС. – Тоа излегува надвор од границите на сфаќањето на она што претставува норма за дипломатијата и нормалните меѓународни односи“.
Претходно во петокот заменик-помошникот на американскиот претседател Колин Кал изјави дека Иран нема да може да се спротивстави на воен напад од САД дури и ако има руски ракетни системи С-300.
Претходно и американскиот претседател Барак Обама изјави дека испораката на системите С-300 нема да биде пречка за Вашингтон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче