Европската унија треба да обрне внимание на особено алармантните појави со терористички карактер на Балканот, како и на заштитата на христијаните, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во текот на посетата на Белград.
Лавров исто така ја поддржа идејата за организирање во рамките на програмата за работа на ОБСЕ Конференција за борба против нетрпеливоста спрема христијаните. „Ја поздравуваме идејата за одржување во рамките на работата на ОБСЕ на Конференција за борба против нетрпеливоста спрема христијаните, изјави министерот. – Овој проблем е многу актуелен во контекст на ситуацијата на Блискиот Исток и на северот на Африка“.
Русија е загрижена од ситуацијата на Косово и во некои области на Босна и Херцеговина, каде имаат своја активност припадниците на „Исламската држава“, рече шефот на руската дипломатија Лавров.Тој истакна дека борците на ИД продолжуваат да ја врбуваат младината за учество во терористички активности.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче