Во акцијата „Георгиевска лентичка 2015“ поделени 20 милиони лентички ширум светот

Серуската акција „Георгиевска лентичка“ оваа година беше реализирана во 85 региони во Русија и 76 земји во светот.

Серуската акција „Георгиевска лентичка“ која се одржува од 2005 година, оваа година беше најголемата во историјата на проектот. Беше реализирана во 85 региони во Русија и 76 земји во светот.

Во текот на 10 години носењето „Георгиевска лентичка“ по повод одбележувањето на Денот на Победата на 9 мај стана традиција. Ова година лентичките беа неразделив дел од маршот на „Бесмртниот полк“ и од Парадата на Победата на Црвениот плоштад.

„Големината на акцијата оваа година е неверојатна. Георгиевската лентичка стана симбол кој обединува генерации и земји, Симбол на сеќавање и достоинство. Симбол на борба за човечката цивилизација, борба за мултиполарен, разнобоен и мултикултурен свет“, истакна генералниот директор на Меѓународната информативна агенција „Русија денес“ Дмитриј Кисељов.

Директорката на организацијата „Студентска општина” Олесја Волченкова им заблагодари на волонтерите кои учествуваа во акцијата. Волонтерите во акцијата „Георгиевска лента“ се претставници на генерацијата која не е рамнодушна, која го чува споменот на подвигот на ветераните од војната и им помага на други луѓе да ја покажат својата почит спрема овие големи луѓе. За нас е многу важно да им кажеме „благодарам“ на волонтерите, затоа што тие учествуваат во акцијата бесплатно“, истакна таа.

Преку 150 пунктови на кои се делеа „Георгиевски лентички“ беа распоредени во 76 земји во светот.  

Лентичката можеше да се добие и во руските културни центри во Мароко, Конго, ЈАР, Танзанија и други африкански земји.

Во рамките на акцијата „Георгиевска лентичка“ беа одржани стотици манифестации во Русија  и странство, а според процените на организаторите, беа поделени преку 20 милиони лентички.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња