Владата на РФ ја укинува извозната царинска давачка за пченицата

Извозната царина беше воведена за да се стабилизира цената на лебот и брашното на внатрешниот пазар на Русија.

Владата на РФ ја укинува извозната царинска давачка за пченицата, објави владата на својот официјален Твитер-профил.

„Донесена е одлука за укинување на извозната царинска давачка за пченицата“, се вели во соопштението.

Владата ја воведе извозната царина на пченицата од 1 февруари 2015 година до 1 јули 2015 година за да ги стабилизира цените на лебот и брашното на внатрешниот пазар на Русија во услови на високо темпо на извоз на жито од РФ поради девалвацијата на рубљата. Давачката изнесува 15% царинска вредност плус 7,5 евра, но не помалку од 35 евра за 1 тон.

Сепак на 5 мај Министерството за земјоделство на РФ предложи да се укине царината веќе од 15 мај 2015 година со изменување на нејзината формула. Пресметката предвидува царината да се менува во зависност од договорната цена на испораката. При оптимално ниво на внатрешната цена од 12 илјади рубли за 1 тон таа треба да изнесува 1 евро.

„За нас е многу важно цената на житото да биде поволна за селаните. Се разбира, ограничувањата ќе останат во случај на непредвидени економски ситуации, но тие имаат неформален карактер“, изјави тогаш министерот Александар Ткачев.

„Одлуката на Владата ќе овозможи да се избегне презаситување на пазарот на жито и паѓање на цените во период на жетва под цената на производството", истакна прес-службата на руската влада.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.