Лавров: Настаните во Македонија се поврзани со „Турски тек“

Москва е загрижена поради изјавите на раководството на Албанија за создавање „голема држава“, судирите на границата на Македонија, како и поради ситуацијата на Косово, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во текот на посетата на Белград.

„Апелираме до Европската унија да обрне повеќе внимание на овие појави, особено со терористички карактер, како што се судирите на границата со Македонија“, изјави Лавров по разговорите со министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, пренесува ТАСС.

Министерот за надворешни работи на Русија исто така смета дека постои врска меѓу заострувањето на ситуацијата во Македонија и проруската политика на оваа земја.

Според него, настаните во Македонија се одвиваат во контекст на одбивањето на земјата да ги поддржи санкциите против Русија и во светлината на плановите за изградба на „Турски тек“.

„Не можеме да се ослободиме од чувството дека тука постои некаква поврзаност“, рече Лавров по средбата со Дачиќ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.