„Индепендент“: Британија се согласи на голема зависност од Русија

„Индепендент“ истакнува дека осиромашувањето на резервите со гас во Северното море ја прават Британија сѐ позависна од надворешни енергетски извори.

Британската компанија Centrica објави за значителни зголемување на обемот на гас што ќе го купи од „Гаспром“ - до 4 милијарди метри кубни годишно. Како што пишува „Индепендент“, ова значи пораст на зависноста на Британија од руски енергенси.

Новиот договор е резултат од осиромашувањето на гасните резерви во Северното море. За греење и електрична енергија во земјата се трошат околу 70 милијарди кубни метри гас годишно и новите испораки од „Гаспром“ треба да задоволат речиси 5% од британската побарувачка.

Договорот за гас беше склучен и покрај нараснатите противречности меѓу Москва и Европа, што  „го прави ранлив поголемиот дел од континентот“. Сепак, поради тоа што Centrica се договараше со британската филијала на „Гаспром“, која може да ги користи изворите за снабдување надвор од границите на Русија, се очекува дека потпишаниот договор нема да има проблеми поврзани со руската политика.      

Претставник на Centrica изрази увереност дека „Гаспром“ ќе ги исполни своите обврски. „Уделот на Русија изнесува околу 30% од 440 милијарди кубни метри гас кој годишно се увезува во Европа, изјави тој. – Без руските количини ќе настане значителна промена во европскиот баланс на понуда и побарувачка“.

Centrica, која испорачува гас до 9 милиони британски домаќинства, исто така објави одделен поголем договор со норвешката компанија Statoil. Согласно договорот, Норвежаните треба годишно да испорачуваат во Британија 7,3 милијарди кубни метри гас за период од 10 години.

Намалувањето на количините на гас што се добиваат во Северното море означува дека Велика Британија добива само 43% од потребниот гас. Останатиот неопходен обем на енергенси земјата ги добива преку европските гасоводи (44%) и танкери со течен гас (13%).

Раководителите на компанијата веќе предупреди дека во најблиска иднина Европа сѐ повеќе ќе зависи од рускиот гас. Тие исто така ги нарекоа „неостварливи“ предлозите за префрлање на други извори.

„Не можеме толку едноставно да се откажеме од тие обеми на гас без значителни поледици, смета извршниот директор на Centrica Ијан Кон. – Исклучено е дека САД можат да дадат во замена толкав обем на течен гас“. Тој додаде дека Русија била „сигурен добавувач во текот на студената војна“ и исто така има потреба од европската побарувачка.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.