Борбените роботи „Уран“ ги поминаа испитувањата на југот на Русија

Мултифункционалните робототехнички системи од семејството „Уран“ успешно ги поминаа комплексните испитувања на воениот полигон кај Новоросијск, изјави за РИА „Новости“ извор во одбранбено-индустрискиот комплекс.

Мултифункционалните робототехнички системи од семејството „Уран“ успешно ги поминаа комплексните испитувања на воениот полигон кај Новоросијск, изјави за РИА „Новости“ извор во одбранбено-индустрискиот комплекс.  

Во четвртокот на полигонот Раевски под Новоросијск пристигнаа министерот за одбрана на РФ генерал на армија Сергеј Појгу и началникот на Генералштабот на ВС РФ генерал на армија Валериј Герасимов, како и бројни високопозиционирани лица во војската.

Во текот на работната посета Шојгу ѝ врачи орден „Суворов“ на 7-та гардиско-јуришна дивизија, по што со своите заменици и групата генерали и офицери од Генералштабот работеше на воениот полигон Раевски се увери во успешните тестирања на борбените мултифункционални системи од семејството „Уран“. Изворот објасни дека, ако порано борбените роботи се испитувале поединечно, сега роботизираните системи одработувале задачи во состав на единиците.

„Во текот на тестирањата на полигонот Раевски беа одработувани задачи за инженериско разузнавање на околина, како и уништување на цели на максимална далечина од различни системи на вооружување: митралези и автоматски топови. Во завршната фаза на вежбите борбените роботи одработуваа задачи за уништување на оклопна техника со противтенковски наведувани ракети“, објасни соговорникот.

Тој потенцираше дека операторите управувале со робототехничките системи од заштитен пункт за управување кој се наоѓал на значително растојание.

„Сите назначени цели успешно беа уништени од операторите на робототехничките системи“, заклучи соговорникот

ВИДЕО: Гаѓање на роботите на полигонот

 

 



Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.