Полска поднесе тужба против „Гаспром“

Полската енергетска компанија PGNIG поднесе тужба во Арбитражниот суд во Стокхолм против „Гаспром“ и „Гаспром експорт“ по повод цената на гасот, соопшти полската компанија.

Полската енергетска компанија PGNIG поднесе тужба во Арбитражниот суд во Стокхолм против „Гаспром“ и „Гаспром експорт“ по повод цената на гасот, соопшти полската компанија.

„Управата на Polskie Gornictwo Naftowe i Gazownictwo (PGNIG) S.A. известува дека на 13 мај 2015 година компанијата поднесе барање против ОАО „Гаспром“ и ООО „Гаспром экспорт“ во арбитражен процес кој ќе се разгледува од Арбитражниот суд на Стокхолм“, соопштува компанијата.

Компанијата истакнува дека размерот на тужбените барања и датумот на донесување на судската олука не можат да бидат наведени во моментов.

Како што изјави за РИА „Новости“ извор во „Гаспром експорт“, „овде нема сензација, арбитражата е предвидена со стандардните договори, но преговорите обично траат“. Официјално од „Гаспром експорт“ и „Гаспром“ не ја коментираат ситуацијата.

Во ноември 2014 година PGNiG објави дека испратила барање до „Гаспром“ за повторно разгледување на цената на гасот кој се испорачува во републиката во рамките на Јамалскиот договор. Од полската компанија уверија дека „ќе ги направат сите напори за постигнување поволен договор во рамките на билатералните преговори“.

Со Јамалскиот договор е предвидена испорака за Полска на 10,2 милијарди кубни метри руски гас до 2022 година.

Во септември минатата година полската PGNiG соопшти за намалување на испораката на руски гас низ Украина, како и низ Белорусија за околу 20%. Подоцна се разјасни дека станувало збор за намалување во споредба со бараните количини: барањето за понеделникот не било реализирано за 20%, за вторникот за 24%.

„Гаспром“ изјави дека не ги намалил испораките за гас за Полска, а експертите  објаснија дека рускиот холдинг не е должна да ги задоволува барањата на потрошувачите во делот за испорака на количини вон договорот.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња