Медиуми: Хакери од РФ планирале да организираат кибернапад врз американски банки

Раководител на компанија која се занимава со заштита од киберзакани изјави дека ова е прв случај кога успеало да се дознае за голем кибернапад пред неговиот почеток.

Група руски хакери се подготвувала да организира кибернапад врз големи американски банки. Ова тврдење е објавено во статијата на онлајн верзијата на вашингтонскиот весник „Хил“ (The Hill).

Изданието ги цитира зборовите на Ерик Хипкинс, раководителот на компанијата „root9B“ која се занимава со заштита од киберзакани. Според неговата верзија, наводно група хакери со седиште во Русија, позната под името „АPT28“ планирала кибернапади врз меѓународни институции, вклучувајќи ги „Банката на Америка“ и „ТД банка“.

„Во текот на стандардниот процес на набљудување на компјутерските мрежи на нашите клиенти, откривме малициозен софтвер. По бројни проверки дојдовме до заклучок дека софтверот им припаѓа на руските хакери од групата „АPT28“ кои планирале и кибернапади на серверите на големи финансиски компании“, изјави стручњакот.

Банката на Обединетите Арапски Емирати, Детскиот фонд на Обединетите нации и Банката на регионите, убеден е експертот, исто така се наоѓале на списокот на евентуални цели на хакерите

„Во текот на последниве три дена ги информиравме соодветните структури во Вашингтон и Обединетите Арапски Емирати, како и службата за информатичка безбедност во финансиските организации кои беа под закана од напади“, продолжи Хипкинс.

Според него, ова е прв случај кога успеало да се дознае за таков голем кибернапад пред неговиот почеток. „Во претходните ситуации можевме само да ги анализираме резултатите од веќе извршениот киберкриминал“, изјави стручњакот кој е убеден дека хакерите се откажале од своите планови откако биле откриени.

Претходно друга американска компанија „ФајрАј“, специјализирана за компјутерска безбедност, исто така ги обвини „APT28“ за кражба на податоци од НАТО и сојузниците на САД

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња