Медиум: Глупавоста на американските политичари ги залади односите со Русија

САД многупати направија грешки во односите со Русија и сите погрешни чекори беа направени само „поради глупавоста“ на конкретни политичари, тврди весникот „Зидојче Цајтунг“.

Односите меѓи Москва и Вашингтон често страдаат поради навреди и недоразбирања, смета кореспондентот на „Зидојче Цајтунг“ во Вашингтон Николас Рихтер.

Меѓу Америка и Русија односите, би се рекло, можеа да бидат едноставни: двете страни се влијателни, имаат право на вето во Советот за Безбедност на ООН, двете имаат потреба една од друга. Тие соработуваат за многу клучни меѓународни прашања, на пример, за нуклеарната програма на Иран или за ситуацијата во Сирија. Но, навредите и недоразбирањата често им нанесуваат штета на тие односи и тоа, што се случува сега околу Крим и Украина, е уште еден пример за таков  неуспех, пишува авторот.

"Да, САД не беа секогаш многу коректни во односите со Москва. Во деведесеттите години Вашингтон тврдеше „Ние победивме во студената војна“, демонстрирајќи чисто американска  ароганција и фактички покажувајќи дека многумина американски политичари останаа во категориите на истата таа студена војна. Беше глупаво од страна на Џорџ Буш и покрај желбата желбата на Русија во 2003 година да изврши инвазија врз Ирак и да ја распореди ПРО во Источна Европа. Беше глупаво од страна на Обама да се нарече Русија „регионална сила“, пишува Рихтер.  

Сепак сите овие предизвици наменети за Москва никогаш не беа дел од американски смислен план, туку секогаш претставувале конкретни погрешни пресметки на конкретни политичари, тврди новинарот.

Искуството од заемните разногласија треба да се земе предвид сега, кога по посетата на државниот секретар на САД Џон Кери на Сочи Америка и Русија, веројатно, ќе се обидат повторно да ги обноват односите, пишува авторот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.