Медиум: Авионската индустрија на Западот се најде погодена од антируските санкции

Западот е погоден од сопствените санкции против Русија поради фактот што РФ го намалува бројот на цивилните воздухоплови и се откажува од купување на авиони „Боинг“ и „Ербас“, пишува германскиот деловен магазин „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“.

Западот е погоден од сопствените санкции против Русија поради фактот што РФ го намалува бројот на цивилните воздухоплови и се откажува од купување на авиони „Боинг“ и „Ербас“, пишува германскиот деловен магазин „Дојче  Виртшафтс Нахрихтен“.

Русија се откажа од над стотина авиони за средни и кратки дестинации кои ги имаше на распоред и требаше да ги добие со купопродажни договори од странство, соопштува „Дојче  Виртшафтс Нахрихтен“. Особено настрада француско-германската авионска индустрија.

Бројот на воздухоплови на „Боинг“ и „Ербас“ во руските авиокомпании последниве месеци значително се намали, пишува изданието повикувајќи се на прес-секретарот на Управата за цивилно воздухопловство на Русија Сергеј Изволски. Денес руското цивилно воздухопловство располага со 332 авиони „Боинг“ и 281 „Ербас“. Двете водечки руски авиокомпании, „Аерофлот“ и „Трансаеро“ имаат намера да се воздржат од набавка на нови странски авиони.  

Како главни причини изданието ги наведува падот на курсот на рубљата, падот на цената на нафтата и западните санкции. Бројот на Руси кои можат да си дозволат авиолет забележително опадна. Само во првиот квартал од тековната година тој се намали за 2,3% - на 17 милиони патници. Такво намалување на бројот на авионски патници немало од  2009 година.

Многу авиони беа набавени на лизинг, затоа лесно можат да бидат вратени на нивните сопственици, истакнува изданието. Ако се земат предвид таквите случаи, тогаш Русија севкупно се има откажано од над 100 авиони. Генералниот директор на „Ербас“ Фабрис Брежје изрази надеж дека „ситуацијата е привремена“, пишува геманскиот магазин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња