Индија купува од Русија 197 хеликоптери Ка-226Т

Индија го одобри купувањето на 197 хеликоптери Ка-226Т, производ на фабриката „Камов”, соопшти агенцијата „Блумберг”.

Индија го одобри купувањето на 197 хеликоптери Ка-226Т, производ на фабриката „Камов”, соопшти агенцијата „Блумберг”.

Според информациите на весникот „Times of India”, конечната одлука за реализација на договорот била донесена во средата, 13 мај, на седницата на специјалната комисија на Министерството за одбрана со која претседавал министерот Махохара Парикара. Вредноста на договорот изнесува 30 милијарди рупии (околу 467 милиони долари), истакнува изданието. Станува збор за повеќенаменските хеликоптери Ка-226Т.

Претходно во средата прес-службата на Кремљ соопшти дека претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот на Индија Нарендра Моди во телефонски разговор дискутирале за проширување на руско-индиското стратешко партнерство, како и за „некои големи трговско-економски проекти“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.