Украинскиот парламент во вторникот во целост го усвои законот „За правниот режим на воената состојба“ со кој, помеѓу другото, во случај на воведување воена состојба предвидува интернирање на државјани на Русија кои живеат на територијата на оваа земја. Оваа одлука ја поддржаа 254 пратеници, додека за усвојување беа потребни 226 гласови.
„Мерки на правниот режим на воената состојба според предлог-законот се: (…) т.11. интернирање (принудно сместување) на државјани на странска земја која се заканува со напад и врши агресија против Украина“, се наведува во образложението на предлог-законот што го пренесува агенцијата ТАСС.
Со оглед на фактот дека украинскиот парламент во јануари усвои резолуција со која Русија беше прогласена за земја-агресор, тоа значи дека, доколку во земјата биде воведено воена состојба, милиони руски државјани кои живеат во Украина би можеле да бидат интернирани во специјални логори.
Освен тоа, според предлог-законот, воведувањето воена состојба автоматски повлекува работна обврска за работоспособното население (т.2), дозволува принудно отуѓување на имотот (т. 3), забранува собирања и митинзи (т.4), делување на неподобни политички партии итн.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче