Сегашната тензичност меѓу земјите на НАТО и Русија е погрешно да се карактеризира со терминот „студена војна“, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг по завршувањето на состанокот на комитетот Украина-НАТО во Анталија.
„Погрешно е да се карактеризираат сегашните односи меѓу НАТО и Русија со терминот „студена војна“. Ние немаме состојба на студена војна каква што имаше пред паѓањето на Берлинскиот ѕид. Тогаш имаше два блока и идеолошки судир кој се водеше низ целиот свет. За жал, не успеа партнерството меѓу Алијансата и Русија ко се обидувавме да го изградиме со години. Сега се наоѓаме во други услови и треба да ја адаптираме нашата Алијанса на нив“, изјави Столтенберг, а пренесува РИА „Новости“.
НАТО Алијансата официјално ја прекина соработката со Русија поради несогласувањата со Москва околу конфликтот во Украина. Русија претходно изјавуваше за нагло зголемена активност на НАТО на нејзините граници, а НАТО, од своја страна, изјавуваше за „необична“ активност на руската војска.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче