Путин: Годинава четири ракетни полкови ќе бидат на борбено дежурство

Претседателот на Русија Владимир Путин даде за задача во најкраток рок да се завршат сите тестирања на техниката на копнените сили која беше покажана на парадата, соопшти тој на состанокот за развој на ВС РФ.

Претседателот на Русија Владимир Путин даде за задача во најкраток рок да се завршат сите тестирања на техниката на копнените сили која беше покажана на парадата, соопшти тој на состанокот за развој на ВС РФ.

„Потребно е во најкраток рок да се завршат сите испитувања и да се премине на сериско производство“, изјави тој.

Шефот на државата особено внимание посвети на опремувањето на Копнените сили и модернизацијата на нивното веќе постојно вооружување и воена техника. „Еден дел од таа техника беше првпат покажана на парадата во чест на 70-годишнината од Победата во Великата Татковинска војна“, потсети тој. „Тактичко-техничките карактеристики на оваа нова техника забележително ги надминуваат странските аналогни примероци, и во целина таа ги заслужува високите оценки на воените стручњаци“.   

Претседателот потенцираше дека истовремено треба да се искористат и сите можности на техниката што е во состав на вооружувањето. „Нивните потенцијали не се исцрпени, треба да се подразмисли за модернизација итн.,“ изјави тој.

Путин истакна дека во текот на претстојниот состанок подобро ќе биде дискутиран текот на исполнувањето на државните нарачки од сферата на одбраната во делот на опремувањето на стратешките нуклеарни сили и трупи на Воздушно-вселенската одбрана кои играат особена улога во обезбедувањето на безбедноста на државата и одржување на меѓународната стабилност. Рускиот лидер потенцираше дека овие сили треба да бидат подготвени за итно решавање на поставените задачи.

Шефот на државата соопшти дека се работи на создавање идни ракетни системи кои поседуваат зголемени можности и начини за надминување на постојните и идни системи за ПРО. Претседателот истакна дека исто така, се зголемува и орбиталната оперативна група на вселенски летала, се усовршува копнената вселенска инфраструктура, продолжува изградбата на РЛС.

Претседателот исто така соопшти дека на борбено дежурство оваа година се предвидени четири ракетни полкови.

„Оваа година на борбено дежурство планирано е да се постават четири ракетни полкови опремени со најсовремените системи“, изјави Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња