Претседателот на ЈАР воодушевен од Путин

Претседателот на Јужноафриканската република Џејкоб Зума „се врати од Русија со љубов спрема нејзиниот претседател“, пишува американското онлајн издание „Глобал Пост“.

Претседателот на Јужноафриканската република Џејкоб Зума „се врати од Русија со љубов спрема нејзиниот претседател“, пишува американското онлајн издание „Глобал Пост“.  

По Парадата на Победата на која присуствуваше, претседателот на ЈАР остана во Москва и имаше разговори со својот колега Владимир Путин. Тоа беше четврта официјална средба за вкупно 10 месеци“, пишува изданието, прецизирајќи дека, според соопштенијата во медиумите на ЈАР, претседателите исто така редовно се слушаат на телефон, пренесува РИА „Новости“.  

Претседателите на Русија и ЈАР многу време поминуваат заедно, истакнува американското издание, нагаѓајќи кои би можеле да бидат причините за очигледното зближување на лидерите на двете земји. На пример, во август Зума беше во „таинствена“ посета на Москва. Иако објавената агенда се однесуваше на трговските односи, претседателот на ЈАР на оваа средба поради некоја причина не беше придружуван од министерот за трговија, туку од министерот за државна безбедност. Беше планирано посетата да трае шест дена и беше предвидено „време за одмор“, пишува изданието.

„Три недели подоцна Јужна Африка потпиша договор со руската државна нуклеарна компанија. ЈАР официјално демантираше дека се согласила да купи руска нуклеарна технологија која би можела да чини до 100 милијарди долари, но јужноафриканските медиуми пренесоа дека зделката е склучена. Критичарите тврдат дека оваа набавка би можела да ја доведе земјата до банкрот“, пишува американскиот портал.

Изданието истакнува дека Зума и Путин често се среќаваат во кулоарите на самитот на БРИКС и дека никој од членовите на овој клуб не ја критикувал Русија поради нејзината политика спрема украинскиот конфликт.

Изданието потсетува дека во времето на апартхејдот, кога мнозинството земји од Западот воведе санкции против ЈАР, Москва им пружила азил на членовите на Африканскиот национален конгрес.

Пред заминувањето од Москва Зума остро ја критикуваше политиката на Западот спрема африканските земји, обвинувајќи дека западните земји и понатаму се однесуваат спрема Африка како спрема колонија. Затоа од друга страна ја пофали Кина, која своите работи го води „земајќи ги предвид интересите на африканските земји“, пишува „Глобал Пост“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.