Ескперт: Во Македонија може да дојде до сериозно влошување на ситуацијата

Куманово веќе долго време претставува зона на напнатост на Балканот, каде продолжува етничкиот конфликт меѓу Македонците и Албанците, истакна во разговорот за онлајн-изданието „Взгљад” ескпертот Полина Соколова.

Куманово веќе долго време претставува зона на напнатост на Балканот, каде продолжува етничкиот конфликт меѓу Македонците и Албанците, истакна во разговорот за онлајн-изданието „Взгљад” научниот соработник на одделението за европски политички истражувања на Институтот за светска економија и меѓународни односи на Руската академија на науки Полина Соколова. Таа притоа истакна дека конфликтот „не се ограничува само на една земја, туку достигнува регионално ниво, затоа што тоа е проблем на териториите на Србија, Црна Гора и, се разбира, непризнатата република Косово која е населена од Албанци“.

Иако ваквите состојби не се реткост ни во Македонија, ни во другите републики, инцидентот во Куманово е со значително поголеми размери и според бројот на настраданите и според бројот на терористи кои учествуваа во него, истакнува експертот.

„Сосема е можно да се работи за почеток на масовни акции кои долго ги подготвувала Албанската национална армија, илегална организација која во регионот ги контролира сите сепаратистички тенденции меѓу Албанците, и нејзиното крило во Македонија – Ослободителната национална армија”, истакна Соколова. Таа сепак не ја исклучува можноста во прашање да биде „поединечна ескалација која македонските власти веќе ја неутрализирале, што ќе ги присили сепаратистите да се повлечат во илегала и во своите кампови за обука да продолжат со подготовка на терористички акции“, изјави Соколова.

Таа додаде дека постојат информации според кои токму на Балканот се подготвуваат масовни терористички операции „Балкан- 2020”. „Се работи за подготовка на масовни терористички акции на територијата на Европската унија во кои ќе учествуваат терористи кои се нарекуваат спијачи и кои можат да бидат активирани“, истакнува рускиот експерт.

Соколова потсети на она што е одамна докажано: 11 терористи кои ја организираа терористичката акција во Мадрид стигнале од Сараево, каде поминале обука. Експлозивната направа што ја користеле е направена на територијата на Босна. „Овој регион и понатаму е база за обука на џихадисти не само на регионално, туку и на европско и пошироко ниво“, заклучува експертот. Затоа не треба да се исклучи можноста за сериозно влошување на ситуацијата и засилување на терористичките активности“, уверена е Соколова.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња