Земан: САД неформално вршат притисок врз Прага

Чешкиот претседател Милош Земан во текот на посетата на Москва изјави дека постојат притисоци врз Прага од страна на САД, пренесува „Комерсант“.

Чешкиот претседател Милош Земан во текот на посетата на Москва изјави дека постојат притисоци врз Прага од страна на САД. Лидерот на Чешка ја коментираше и својата остра реакција на изјавата на американскиот амбасадор во Прага Ендрју Шапиро.

„Постои, се разбира, неформален притисок. Но со својата изјава американскиот амбасадор си ја затвори вратата од резиденцијата на претседателот во Прага. Исто би постапил и доколку амбасадорот на Русија ми забранеше да одам во САД“, изјави Земан во интервју за весникот„Комерсант”.

Амбасадорот на САД во Чешка претходно ја критикуваше намерата на Земан да присуствува на Парадата на Победата на 9 мај во Москва.  Земан тогаш изјави дека нема да дозволи на „никакви амбасадори да се мешаа и да даваат совети во врска со неговите посети во странство“.

Чешкиот претседател во повеќе наврати изјавуваше дека ја поддржува Москва.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња