Столтенберг: Русија е самата виновна за лошите односи со Западот

Сегашните односи на НАТО и Русија силно се разликуваат од спротивставеноста на блоковите во студената војна, смета генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во интервју за „Фигаро“.

Сегашните односи на НАТО и Русија силно се разликуваат од спротивставеноста на блоковите во студената војна, смета генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во интервју за „Фигаро“.

НАТО ќе ја брани секоја од своите членки, независно од тоа од каде ќе дојде заканата – од југ или од исток, изјави во интервју за „Фигаро“ Јенс Столтенберг. И затоа Алијансата треба да ја зачува способноста да ги распоредува своите сили надвор од границите на земјите-членки – заради заштита на тие земји, прецизираше генералниот секретар на НАТО.

Сепак Столтенберг не смета дека во светот се врати студената војна. „Русија не е исто што и Варшавскиот пакт! Студената војна ја нема, но ние со Москва го немаме ни она партнерство на кое се надевавме на заодот на СССР“. Истовремено политичарот забележа: конструктивните односи со Русија не ѝ противречат на идејата за силна Алијанса. „Проблемот е во тоа што Русија не ги почитува границите на своите соседи“, убеден е Столтенбег.

Генералниот секретар на НАТО призна дека Русија има можност да се меша во работите на други земји „по Молдавија, Грузија, Крим и Донбас“. Но Алијансата не треба да се обидува да го предвиди идниот напад. Таа треба да одговори на таквото долгорочно однесување „со активно зацврстување на колективната безбедност“ изјави Јенс Столтенберг. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња