Путин: Русија го зголеми темпото на модернизација на вооружените сили

Рускиот лидер Владимир Путин изјави дека Русија го зголемила темпото на модернизација на вооружените сили, пренесува РИА „Новости”.

Рускиот лидер Владимир Путин изјави дека Русија го зголемила темпото на модернизација на вооружените сили, истакнувајќи дека Министерството за одбрана ги исполнува сите добиени задачи, пренесува РИА „Новости”.

Путин нагласи дека сега пред воените челници стои нова задача: зголемување на независноста на одбранбената индустрија на Русија.

Претседателот на Русија нагласи дека за првите четири месеци од оваа година за руската војска е испорачано за една третина повеќе авиони, хеликоптери, беспилотни летала и противракетни системи отколку што беше во план да се произведе. Тој додаде активно се обновува тенковското и артилериското вооружување, како и дека вооружените сили добиваат ракетни системи за стратешка намена, бродови и подморници.

Рускиот претседател уште во април изјави дека е сигурен дека сите поставени цели пред Министарството за одбрана и релевантните надлежни органи ќе бидат исполнети, вклучувајќи и привлекување на приватни инвеститори.

Путин исто така неодамна изјави дека производството на сите компоненти кои се користат во воената индустрија треба да биде локализирано во Русија, затоа што зависноста од испораки од странство може да го загрози производството.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња