Медиум: Израел побара од банките да ги почитуваат санкциите против Русија

Израелската Централна банка им дозволи на финансиските институции да ги раскинуваат активните договори и да ги одбиваат руските клиенти кои се наоѓаат под санкции, пишува „Глоубс“.

Банката на Израел побара од кредитните организации на земјата да изработат определена политика и правила за работа со руските банки и компании кои се најдоа на списокот со санкции на Западот, соопштува израелскиот весник „Глоубс“ повикувајќи се на сопствени извори.

„… Банката на Израел ги контактираше банките за ова прашање, најверојатно откако истото било дискутирано во политичките кругови“, пишува изданието.

„Против определени субјекти и руски компании се воведени меѓународни санкции. Режимот на санкциите е сложен, со различни последици. Бидејќи е можно режимот на санкции да влијае и на други банки и финансиски институции, потребно е да се биде во тек со евентуалните промени и да се добијат правни консултации во врска со тоа“, цитира „Глоубс“ фрагмент од писмото на израелската Централна банка што го добија пред неколку недели банките во земјата.

На пример, во најскоро време финансиските установи треба да ги проучат кредитните портфолија на определени компании и лица за да дознаат дали некој од нив потпаѓа под санкциите. Исто така банките се обврзаа да воспостават правила за откривање и спречување на нови зделки со лица и компании за кои важат санкциите и да се изработи правилник за работа со нив. Освен тоа, Банката на Израел побара периодични да се поднесуваат извештаи за ова прашање, соопштува изданието.

Според писмото на израелската Централна банка, на банките им се дозволува да одбиваат склучување нови зделки со руските клиенти кои се наоѓаат под санкции, како и да ги прекинуваат активните договори со нив, пишува „Глоубс“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.