Државниот секретар на САД Џон Кери по разговорите во Сочи ја потенцираше неопходноста од одржување контакти меѓу Русија и САД.
Првиот човек на МНР РФ Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери се сретнаа во вторникот во Сочи, каде положија венци на меморијалниот комплекс-споменикот на Сочинците кои загинале во борбите во годините на Втората светска војна, по што ги одржаа разговорите.
„Важно е да се одржуваат линиите за комуникација меѓу САД и Русија отворени, затоа што се бориме со витални глобални проблеми, напиша Кери на својот Твитер-профил.
Државниот секретар истакна дека „одржал отворени дискусии со претседателот Путин и министерот Лавров за клучни прашања, вклучително и за иранските преговори, Сирија, Украина“. На прашањето како поминала средбата со Кери, Лавров одговори: „Чудесно“.
Последен пат државниот секретар ја посети Русија во мај 2013 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.