Руско-кинеската заедничка воена вежба „Поморска соработка-2015“ ќе се реализира во Средоземното од 11 до 21 мај, соопшти во понеделникот заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов.
„Во вежбите ќе учествуваат најмногу до десет бродови од различни класи на морнариците на Русија и Кина“, изјави Антонов по разговорите на министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу и заменик-претседателот на Централниот воен совет на Кина Фан Чанлун.
Според зборовите на Антонов, задачата на вежбите е реализација на заеднички дејствија за обезбедување на безбедноста на бродската пловидба. Целта на вежбите е продлабочување на практичната соработка меѓу двете земји по прашања на закани за морската безбедност.
„Вежбите не се насочени против трета страна и не се поврзани со политичката ситуација во наведениот регион“, изјави заменик-министерот за одбрана на РФ.
Антонов исто така соопшти дека уште една заедничка воено-поморска вежба ќе се одржи во август во Јапонското море. Во текот на таа вежба исто така „ќе треба да се одработи заедничко учество во миротворни операции, како и противтерористички и антипиратски дејствија“.
Според него, „кинеските пријатели ја потенцираа важноста на зголемувањето на ваквата практика, затоа што за нашите две земји има заеднички предизвици и закани“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче