Руски војници ќе учествуваат во парадата во Пекинг

Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу соопшти дека ја добил покана за парадата во Пекинг посветена на 70-годишнината од победата во Втората светска војна, пренесува РИА „Новости“.

Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу соопшти дека ја добил покана за парадата во Пекинг посветена на 70-годишнината од победата во Втората светска војна.

„Со радост ја примивме поканата на министерот за одбрана на Народна Република Кина за учество во прославата во Пекинг по повод 70-годишнината од победата во Втората светска војна на 3 септември оваа година и се договоривме да испратиме на воената парада единица на Вооружените сили на РФ“, ги цитира РИА „Новости“ зборовите на Шојгу.

Вчера тој имаше разговори со заменик-претседателот на Централниот воен совет на Кина генерал-полковник Фан Чанлун.

Шојгу се заблагодари на кинеската страна за учеството на единицата на Кина во московската парада во чест на 70-годишнината од Великата Победа.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња