Парадата на Победата во Москва докажа дека Русија се враќа на сцената како голема сила и дека на еднополарниот свет му дојде крајот“, пишуваат медиумите.
Српскиот весник „Политика” во извештајот од прославата во рускиот главен град пишува: „Всушност, единствената политичко-воена порака од оваа парада е дека, доколку некој го преспал уривањето на Берлинскиот ѕид, би требало да внимава да не ја преспие и оваа парада. Затоа што овде беа Индија и Кина“.
„Светот повеќе не е униполарен. Монополот на само една светска сила во економски, политички и воен поглед повеќе не постои. Парада тоа многу пластично го покажа“, пишува Мирослав Лазански, а пренесува ТАСС.
„Руската армија нема конкурент во Европа и тоа е единствената воена порака од Црвениот плоштад“, додава српскиот военополитички аналитичар.
Како што истакнува „Политика”, најголем интерес од воената техника предизвикале новите тенкови Т-14 „Армата“ и стратешките воени системи РС-24 „Јарс“.
Истовремено словачкиот весник „Правда” пишува дека „за руското раководство врв на празникот не беше исклучителната воена парада, ниту учеството на странските гости, туку спонтаното собирање на речиси половина милион луѓе кои го исполнија центарот на Москва“ во акцијата „Бесмртниот полк“.
„Со искрен восхит руските граѓани во саботата ја следеа парадата на најновото оружје на Црвениот плоштад“, пишува словачкиот весник. „Тие ја протолкуваа како ветување дека моќта на руската армија ќе биде воспоставена“. На Парадата на Победата беа претставени модели на техника од последна генерација.
„Иако во суштина тоа се прототипи кои засега не се наоѓаат во составот на вооружувањето на руската војска, јавноста смета дека обновата на вооружувањето јасно покажува дека Русија се враќа на сцената како голема сила“, истакнува словачка „Правда“.
ТВ-каналот на Казахстан „Хабар” особено посвети внимание на историскиот дел на парадата, коментирајќи дека „на улиците како повторно да беше летото 1945 година“. Репортерите истакнаа дека освен историската реконструкција на Парадата била претставена моќта на руската војска, вклучувајќи ги и „уникатните тенкови „Армата“, самоодните артилериски системи и тактичките ракетни системи“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче