Медиум: Франција може да ги продаде „Мистралите“ на Кина

Француска група бродови, во чиј состав се наоѓа десантен брод од класата „Мистрал“ планира да се закотви во пристаништето во Шангај од 9-15 мај, пишува кинескиот весник „Дуовеј ксинвен“.

Претставници на ВМС Франција во рамките на посетата на кинескиот град Шангај можат да се обидат да ѝ понудат на Кина продажба на носачите на хеликоптери од класата „Мистрал“, пишува весникот „Дуовеј ксинвен“.

Француската група бродови планира да се закотви во пристаништето Шангај во периодот од 9 до 15 мај. Во нејзиниот состав се наоѓа бродот „Диксмуде“ – десантен брод од класата „Мистрал“, како и фрегатата „Аконит“ од класата „Лафает“. Изданието истакнува дека ова е „прво закотвување“ на брод од класата „Мистрал“ во кинеско пристаниште.

Како што пишува весникот, Русија нарача два брода од класата „Мистрал“ од Франција. Меѓутоа, поради санкциите воведени против Русија во врска со кризата во Укриана, „ВМС Франција тешко дека ќе ги предаде тие бродови на РФ“. „Тие ќе се потрудат да ги продадат на други држави – Бразил, Канада, Египет или Индија. Без оглед на тоа што Кина има веќе аналогни проекти за носачи на хеликоптери, земјата може да ги купи бродовите „Владивосток“ и „Севастопол“ што ги има нарачано Русија, смета изданието.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња