Украина има намера да побара од Русија компензација од 350 милијарди долари за разрушувањата во Донбас. Ова во програмата на „5 канал“ изјави заменик-министерот за економски развој на Украина Александар Боровик. Според него, Украина планира да направи точни пресметки и да се подготви да ги штити своите интереси.
„Во некоја фаза Русија ќе мора да плати. Ние треба да пресметаме, треба да бидеме подготвени и да лобираме секаде каде можеме. И да зборуваме: гледајте, за ова треба да ни се плати“, изјави во интервјуто Александар Боровик.
Според неговото мислење, штетата што ја претрпела Украина како последица на „агресијата“ од РФ може да се спореди со загубите на Кувајт од агресијата на Ирак во 1991 година.
“Кога Ирак го нападна Кувајт, настана штета од 350 милијарди. Потоа решија дека се должни 320 милијарди. Доколку споредиме колку долго траеше таа агресија и колку долго трае агресијата на Русија врз нас, тоа е речиси пропорционално“, изјави украинскиот политичар во интервјуто за „5 канал“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче