Земан: Сигурен сум дека нема руска војска во Украина

Русија ги поддржува доброволците во Донбас на разни начини, но не праќа регуларна војска на истокот на Украина, изјави претседателот на Чешка Милош Земан во Москва, а пренесува „Комерсант“.

Русија ги поддржува доброволците во Донбас на разни начини, но не праќа регуларна војска на истокот на Украина, изјави претседателот на Чешка Милош Земан во Москва, а пренесува „Комерсант“.

„Ја споредив ситуацијата во Украина со граѓанската војна во Шпанија. Тогаш едната страна ја поддржуваа Германија и Италија, а другата Советскиот Сојуз и делумно Франција. Но тоа беше војна на Шпанци против Шпанци“, рече Земан.

„Во случајот со украинската криза сигурен сум во целост дека Русија на разни начини им помага на доброволците, но не праќа регуларна војска да војува на истокот на Украина. На Киевската власт ѝ помага Европската унија која испраќа парична помош во Украина“, тврди чешкиот лидер.

Земан додаде дека за зачленување во НАТО е потребно државата, како прво, да изрази желба да стане членка на овој „елитен клуб“, а како второ, сите земји на Алијансата едногласно да се сложат со тоа. Тој потсети дека не само шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер е против зачленувањето на Украина во НАТО, туку своето незадоволство од тоа го изразил и францускиот лидер Франсоа Оланд.

Чешкиот лидер ја повтори својата изјава од порано дека Русија веројатно ќе стане членка на Европската унија.

„Не можам да ја исклучам можноста дека за 20 години Русија ќе стане членка на Европската унија. Тоа е потполно можни, затоа што тоа се две комплементарни економии. На Русија ѝ се потребни современи технологии. На ЕУ ѝ требаат енергетски ресурси“, рече чешкиот лидер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња