Путин задоволен од празнувањето на Денот на Победата

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека е задоволен од тоа како поминало празнувањето на 70-годишнината од Победата во Великата Татковинска војна, пренесува ТАСС.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека е задоволен од тоа како поминало празнувањето на 70-годишнината од Победата во Великата Татковинска војна.

„Видовме многу радосни лица на наши граѓани“, истакна Путин на крајот на прзничниот ден, пренесува ТАСС.

„Најважно е што го осознаваме ова како наш најголем, можеби најважен празник во нашиот живот“, изјави тој во интервју за емисијата „Вести во сабота“ на телевизијата „Русија 1“.

Путин призна дека не го загрижува отсуството на бројни европски лидери на свеченоста.

„Ме радува што во светот се одбележува денот на победата над нацизмот, и независно од тоа каде се прави тоа, ако се прават искрено, тоа е веќе добро“, рече тој.

Притоа тој спомена дека, на пример, на свечениот прием во Кремљ тој разговарал со ветерани од САД и Велика Британија.

„Тие ми приоѓаа, кажуваа многу добри зборови“, рече претседателот.

„Сите што сакавме да ги видиме беа овде“, изјави Путин.

„Најважно е луѓето да разберат дека војната против нацизмот беше многу важна, а победата над нацизмот е многу важна пресвртница во историјата на човештвото“, смета Путин.

Путин раскажа како претходно зел учество во акцијата „Бесмртниот полк“ во текот на кој луѓето ѝ се придружуваат на поворката со портрети на своите роднини и блиски кои загинале на фронтовите во Втората светска војна.   

„Кога дознав дека се организира поворка по Црвениот плоштад, решив да учествувам“, изјави тој.

Путин раскажа дека неговиот татко заминал на фронтот како редовен војник.

„Со храброста, крвта и телата на обичниот руски војник, на редовниот советски војник беше поплочен патот до Победата“, истакна тој.

„И кога ги носиме тие фотографии, тоа значи дека ние му оддаваме почит на она што тие го направија за земјата, но во исто време сфаќаме дека сега одговорноста за Русија е врз нашите плеќи и ние треба да бидеме достојни за подвигот на нашите татковци и дедовци“, изјави претседателот.  

Според зборовите на раководителот на регионалното патриотско движење Николај Земцов, во поворката „Бесмртниот марш“ ширум цела Русија учествувале околу 12 милиони луѓе.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња