Претседателот на Русија Владимир Путин изрази надеж дека благодарение на политичари како чешкиот претседател Милош Земан Москва ќе успее да ги обнови односите со Брисел.
„Ние не го инициравме заладувањето на односите со Европа, но се надевам дека благодарение на политичарите како што сте Вие ќе успееме да ги обновиме односите не само во поранешниот облик, туку и да ги унапредуваме понатаму“, изјави Путин, пренесува РИА „Новости“.
„Мило ми е што можам да констатирам дека во Европа сѐ уште постојат политичари кои се во состојба без заобиколување да го изнесат својот став и да застапуваат и спроведуваат независна политика“, додаде рускиот лидер.
Земан изрази увереност дека санкциите против Русија се краткорочна мерка. „Убеден сум дека санкциите се краткорочна мерка. Јас јавно се залагав против санкциите“, изјави Земан.
„Знаеме”, одговори Путин.
Земан повеќепати има дадено изјави со кои ја поддржува Москва.
На пример, тој изјави дека е апсолутно невозможна ситуацијата во која Русија би се обидела да нападне некоја балтичка држава.
Исто така, тој изјави дека санкциите на Западот спрема Русија не се ефикасни, туку само го јакнат митот за Русија како за „тврдина под опсада“.
Земан покрај тоа изјави дека Крим е изгубен за Украина. „На крајот на краиштата, тој никогаш не ѝ припаѓал на Украина, освен во периодот кога тогашниот, малку необичен водач на Советскиот Сојуз Никита Хрушчов ѝ го даде на Украина како подарок“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче