Набљудувач од Русија: Фалсификувани резултатите од референдумот во Шкотска

Резултатите од изборите за британскиот парламент зборуваат за фалсификување на резултатите од референдумот во Шкотска, изјави првиот човек на ЦИК Русија Владимир Чуров, пренесува ТАСС.

Резултатите од изборите за британскиот парламент зборуваат за фалсификување на резултатите од референдумот во Шкотска, изјави првиот човек на ЦИК Русија Владимир Чуров.

„Се потврдува нашата верзија за целосен фалсификат на референдумот во Шкотска, затоа што претходните резултати од гласањето покажуваат дека шкотската партија, која се бореше за позитивен одговор на референдумот, доби значително повеќе гласови отколку на референдумот“, ги цитира неговите зборови ТАСС.

„Односно, ние и порано се сомневавме во вистинитоста на организацијата на референдумот во Шкотска, ние и таму имавме набљудувачи, а сега споредбата на резултатите од гласањето во шкотските окрузи, каде практично стоотстотно победи шкотската националистичка партија, дополнително ја потхранува оценката за референдумот“, резимираше   Чуров.

Тој укажа дека меѓу референдумот и тековните избори не поминал многу голем период за кардинална промена во расположението.

„Сепак, обично за таквите глобални прашања за половина година ситуацијата не се менува“, изјави раководителот на Централната изборна комисија на Русија.

Според него, промените би можеле да бидат условени од влијанието на социјалните фактори или крупни политички потреси, „но во Британија ништо слично не се случи“.

„Затоа не гледам основа за таква променливост во расположението на избирачите“, заклучи Луров.

Тој ја гледа причината во друго: „Овде гласаа луѓе кои реално живеат во Шкотска и се граѓани на Велика Британија. А на референдумот гласаа сите граѓани на Европската унија, вклучително и неколку десетици илјади Полјаци кои работат во Шкотска“.  

По празниците руската Централна изборна комисија ќе подготви извештај за резултатите од мониторингот на изборите во Велика Британија. Според зборовите на Чуров, по покана од британските колеги за набљудување на изборниот процес во земјата ќе биде испратен многу искусниот претставник на ЦИК Владимир Лисенко.

По празниците ќе го слушнеме неговиот извештај и внимателно ќе анализираме сѐ“, изјави првиот човек на ЦИК прецизирајќи дека, откако ќе биде донесен заклучок од набљудувањето, ЦИК ќе го објави својот стручен извештај.

Парламентарните избори во Британија завршија со пораз на лабуристите, најголем од 1987 година.

Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон изјави дека Велика Британија ќе одржи референдум кој ќе ја определи иднината на земјата во ЕУ.  

Мнозинството жители на Шкотска (55,3%) на одржаниот референдум на 19 септември минатата година се изјасни против излегување од состав на Велика Британија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.