Меркел: Берлин признава дека Црвената армија одигра решавачка улога во ослободувањето на Германија

Германија се сеќава дека Црвената армија одигра решавачка улога во ослободувањето на земјата од фашизмот, изјави канцеларката на Германија Ангела Меркел по завршувањето на разговорите со претседателот на Русија Владимир Путин.

Германија се сеќава дека Црвената армија одигра решавачка улога во ослободувањето на земјата од фашизмот. Ова го изјави канцеларката на Германија Ангела Меркел по завршувањето на разговорите со претседателот на Русија Владимир Путин.  

„Од моја гледна точка, пактот Молотов-Рибентроп тешко може да се разбере ако не се земе предвид дополнителниот таен протокол, истакна канцеларката. Од таа гледна точка сметам дека тоа било погрешно, било направено на незаконска основа“.

„Сепак, се разбира, Втората светска војна ја започнала национал-социјалистичка Германија, призна Меркел. И ние, Германија, сносиме одговорност за тоа“. „Тоа е нашата историска одговорност и ние постојано ќе потсетуваме на тоа, истакна канцеларката на Германија. – За тоа, дека по наша вина милиони луѓе ги загубиле животите и дека Црвената армија одиграла решавачка улога во ослободувањето на Германија“.

Канцеларката на Германија исто така изјави дека за неа било важно да дојде во Москва, за да им оддаде почит на војниците кои загинале во Втората светска војна.

„Дојдов во Москва во сложена ситуација за германско-руските односи, истакна Меркел. – Но, мене ми беше важно заеднички со рускиот претседател по повод 70-годишнината од Победата во Втората светска војна да им оддадам почит на загинатите“.

Канцеларката на Германија потсети дека во неделата положила венец на Гробот на Незнајниот јунак. „Сакам да кажам дека јас, како сојузен канцелар на Германија, се поклонувам пред милионите жртви кои ги повлече со себе војната што ја започна национал-социјалистичка Германија, истакна Меркел. – Ние постојано ќе бидеме свесни за уделот на народите од тогашниот Советски Сојуз и војниците на Црвената армија кои го дадоа најголемиот дел од жртвите во оваа војна“.  

„Ќе потсетам дека руските, украинските, белоруските и другите војници на Црвената армија го ослободија Берлин и заеднички со западните сојузници ја ослободија Германија од нацистичкото владеење“, изјави Меркел.

Русија и Германија се солидарни во оценката за настаните во Втората светска војна и лекциите добиени од неа, изјави претседателот на Русија Владимир Путин по завршувањето на разговорите со канцеларката на Германија.

„Ние со канцеларката им оддадовме почит на жртвите на Втората светска војна која стана најголемата трагедија на целиот свет и за нашите народи, рече претседателот. – Ние сме солидарни во оценките на тие настани, на добиените историски лекции“.

„Денешната заедничка церемонија (полагање цвеќе на Гробот на Незнајниот јунак) потсетува за тешкиот пат кој мораа да го поминат Русија и Германија во името на помирувањето, од горчливи навреди и огорченост да дојдат до заемно разбирање и соработка“, потенцираше Путин.

Тој исто така искажа зборови на благодарност до Ангела Меркел „ за нејзините искрени зборови на жалење во врска со злосторството на фашистичка Германија над граѓаните на нашата земја“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња