Црна Гора сака членство во НАТО не поради тоа што се плаши од Русија, туку затоа што ги дели вредностите на Алијансата, изјави шефот на владата на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.
„Ние го избравме НАТО не за да бидеме против Русија или било кој друг. И не за да нѐ брани некој од Русија или од некоја друга земја. Ние просто ги делиме вредностите на Алијансата, тоа е нашиот главен принцип“, го цитира агенцијата „Мина“ Ѓукановиќ, кој беше во дводневна посета на Берлин.
Според негова процена, членството во НАТО е важно за безбедноста не само на неговата земја, туку и на целиот Балкански и Медитерански регион, како и за стабилност во Европа и целата евроатлантска заедница.
Премиерот изјави дека очекува покана за Црна Гора во декември годинава.
Црна Гора почна да работи со НАТО според Планот за акции за индивидуално партнерство од 2008 година. Истовремено, според податоците од последните истражувања на јавното мислење, зачленувањето во НАТО го поддржува помалку од 40% граѓани на Црна Гора.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче