Путин им се заблагодари на ветераните и сојузниците за победата над нацизмот

Русија им е благодарна на ветераните и сојузниците за нивниот удел во победата над нацизмот, изјави претседателот на Русија Владимир Путин, говорејќи на Парадата, посветена на 70-годишнинатата од Победата во Великата Татковинска војна, пренесува „Интерфакс“.

Русија им е благодарна на ветераните и сојузниците за нивниот удел во победата над нацизмот. Ова, како што соопштува „Интерфакс“, го изјави претседателот на Русија Владимир Путин, говорејќи на Парадата, посветена на 70-годишнинатата од Победата во Великата Татковинска војна.  

„Великата победа засекогаш ќе остане врв на хероизмот на нашата земја. Но ние ги паметиме и нашите сојузници во антихитлеровската коалиција“, рече Путин. Благодарни сме им на народите на Велика Британија, Франција и Соединетите Американски Држави за нивниот удел во победата. Благодарни сме им на антифашистите од разни земји кои несебично се бореа во партизанските одреди и во отпорот, вклучително и во самата Германија“, истакна шефот на државата.

Путин истакна дека меѓународните институции формирани по Втората светска војна ја дефинирале основата на повоениот светски поредок и ја докажале својата ефективност.

„Се сеќаваме на историската средба на сојузниците на Елба. Тоа се довербата и единството кои станаа наше заедничко наследство. Пример за обединување на народите за мир и стабилност. Токму овие вредности беа положени во темелите на повоениот светски поредок“, изјави Путин.

Претседателот на Русија е убеден дека Втората светска војна станала лекција за човештвото, а денес историјата повторно повикува на разум.

„Денес, одбележувајќи го овој свет јубилеен датум, ние одново ја осознаваме сета грандиозност на Победата над нацизмот, се гордееме што токму нашите татковци и дедовци успеаја да ѝ одолеат, да ја скршат,  да ја уништат таа мрачна сила“, изјави шефот на државата, говорејќи на Парадата на Победата.

Според неговите зборови, „и сега, 70 години подоцна, историјата повторно повикува на наша разумност и наша будност“. „Не треба да заборавиме дека идеите за расна супериорност и исклучителност доведоа до најкрвавата војна“, убеден е Путин.

Рускиот лидер потсети дека во војната „учествуваше речиси 80% од населението на Земјата, беа поробени, окупирани многу држави во Европа“.

„Советскиот Сојуз ги прими на себе најжестоките удари на непријателот, тука беа групирани елитните трупи на нацистите, концентрирана сета нивна воена сила, овде се случија најголемите, според бројот на војници и техника, решавачки битки во Втората светска војна“, истакна шефот на државата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.