Грција нема намера да се откаже од изградба на „Турски тек“ на територијата на земјата.
Ова вчера го изјави министерот за производствена реформа, заштита на животната средина и енергетика Панајотис Лафазанис по средбата со специјалниот пратеник на Стејт департментот на САД за меѓународни енергетски односи Амос Хохстин. Неговите зборови ги цитира весникот „Прото тема“.
„Ние ја поддржуваме изградбата преку нашата земја на гасоводот кој ќе поаѓа од грчко-турската граница, затоа што го сметаме овој проект за корисен за грчкиот народ. Овој гасовод ќе ја стави на ново ниво соработката и енергетската сигурност во Европа, истакна министерот. Грција има намера да стане енергетски центар. Ние се стремиме да водиме во регионот политика која е независна и на повеќе нивоа“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче