Француските информативните телевизии ја нарекоа Парадата на Победата во рускиот главен град грандиозна и впечатлива. „Русија реално му ја демонстрираше на целиот свет својата сила“, соопштува iТele,
„За Русија денешната прослава е многу повеќе од обична воена парада, тоа е можност да се покаже моќта на руската армија која доби најнови видови вооружување“, истакнува од своја страна Агенцијата Франс-Прес. Таа ги наведува мислењата на западните експерти кои сметаат дека бројните примероци воена техника што ги виделе на парадата „сведочат за најсилниот прогрес во таа сфера што го направила Русија уште од времето на претходната масовна програма за обнова на вооружувањето од 1960-70 години“. „Списокот со нови видови вооружување импресионира и опфаќа широк спектар системи – од тенкови од четврта генерација до нови противтенковски ракети“, пренесува агенцијата.
Вистинска „ѕвезда на парадата“ француската агенција го нарекува тенкот „Армата“, истакнувајќи дека експертите го сметаат за „најмоќниот јуришен тенк на светот“. „Тоа е првиот тенк што го дизајнирала Русија по распадот на СССР“, потенцира агенцијата. Покрај тоа, особено внимание ѝ е посветено и на борната кола за пешадија „Курганец-25“, која влезе во вооружувањето на руската армија.
Телеканалот BFM исто така истакнува дека на парадата во чест на Денот на Победата Русија го демонстрирала копнениот стратешки ракетен систем РС-24 „Јарс“. „Денешната парада на Црвениот плоштад визуелно покажа дека Русија останува исто таква суперсила каква што беше во времето на СССР“, истакнува во репортажата покрај Кремљ дописникот на каналот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче