Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун му се заблагодари на претседателот на Русија Владимир Путин за организацијата на Парадата на Победата.
„Навистина го ценам претседателот на Руската Федерација Владимир Путин поради организацијата на ваква воена парада и му благодарам на поканата да учествувам во неа“, истакна Бан Ки Мун во ексклузивното интервју за агенцијата ТАСС.
Според зборовите на генералниот секретар на ООН, многу е важно „сите уѓе на светот да живеат без страв од војна, без омраза, во хармонија“.
Освен тоа, Бан Ки Мун е убеден дека претседателот на Русија може да одигра значајна улога во обединувањето на народот на Украина. „Владимир Путин може да одигра многу значајна улога во обединувањето на украинскиот народ, тој да биде единствен, да не се применуваат вооружени мерки“, изјави генералниот секретар на Обединетите Нации.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче