Штајнмаер: Русијa и НАТО ги обновија контактите

Министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер потврди дека повторно е воспоставена комуникација меѓу Русија и НАТО, пренесува газета.ру.

Министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер потврди дека повторно е воспоставена комуникација меѓу Русија и НАТО, пренесува газета.ру.

„Многу сум задоволен што повторно воспоставивме размена на воени информации. Сметам дека тоа е важно за двете страни“, изјави Штајнмаер. Германскиот министер додаде дека лично се залагал за обнова на комуникацијата меѓу РФ и Алијансата.

„Во ваква ситуација комуникацијата е неопходна затоа што одделни чекори се интерпретираат погрешно. Поради украинската криза зголемена е активноста на воените вежби на двете страни и потребно е да постои „директна линија“, истакна Штајнмаер.

Германскиот весник „Франкфутер Алгемајне Цајтунг“ на 3 мај напиша дека НАТО и Министерството за одбрана на Русија воспоставиле „жешка линија“ како за време на студената војна со цел во услови на растечка тензија воените команди да можат веднаш да ги решат новонастанатите проблеми.  

Претходно министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека НАТО дава сигнали за можна обнова на соработката со Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.