Првиот заменик на државниот секретар на САД Антони Блинкен ѝ се закани на Русија со воведување нови санкции доколку во Украина се прекрши Минската спогодба.
„Доколку се случат нови прекршувања на Минската спогодба, особено на места како Мариупољ, претпоставувам дека санкциите ќе бидат пожестоки“, ги цитира зборовите на претставникот на Стејт департментот РИА „Новости“.
Од Европската унија денеска се слушнаа истите закани преку изјавата на министерот за надворешни работи на Полска Гжегож Схетина.
„Мислам дека санкциите ќе бидат продолжени. Прашањето е дали до крајот на 2015 година или и за следната година. Тоа ќе зависи од имплементацијата на Минската спогодба. Дали ќе биде целосно имплементирана, дали ќе биде задоволителна“, пишува полскиот весник „Впрост“.
„Условите на Минската спогодба се многу конкретни. Тие треба да бидат реализирани за да можеме да почнеме разговор за тоа, дека санкциите нема да бидат пролонгирани“, истакна Схетина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче