Претседателот на Русија им ја честиташе на лидерите на Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргизија, Молдавија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Абхазија, Јужна Осетија, како и на граѓаните на Грузија и Украина 70-годишнината од Победата во Великата Татковинска војна, соопшти прес-службата на Кремљ.
„Во телеграмата со честитки се потенцира дека Великата Победа е заедничко, бесценето наследство на нашите народи кои рамо до рамо се бореа против суровиот непријател и го спасија светотод нацизмот, а нашиот долг денеска е свето да го чуваме сеќавањето за паднатите херои, да ги опсипеме со грижа ветераните од војната, да не дозволиме повторување на трагичните настани од минатото“, се истакнува во соопштението на сајтот на Кремљ.
Путин „изрази увереност дека братската дружба, калена во годините на Великата Татковинска војна, ќе продолжи да придонесува за зајакнување на односите меѓу народите и да служи како достоен пример за сегашните и идните генерации“.
„Владимир Путин замоли да им се пренесат неговите зборови на благодарност на ветераните од Великата Татковинска војна кои живеат во соодветните земји, им посака добро здравје и благосостојба“, се вели во соопштението.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче