Путин: Русија ќе ја финансира изградбата на „Турски тек“ во Грција

Русија ќе ја финансира изградбата на „Турски тек“ на територијата на Грција, беше објавено по телефонскиот разговор меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот на Грција Алексис Ципрас.

Русија ќе ја финансира изградбата на „Турски тек“ на територијата на Грција. Ова беше дискутирано во текот на телефонскиот разговор меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот на Грција Алексис Ципрас.

Путин ја потврди подготвеноста на руската страна да го разгледа прашањето за финансирање на грчките компании.

„Во врска со тоа беше потврдена подготвеноста на руската страна да се разгледа прашањето за финансирање на грчките државни и приватни компании кои ќе бидат вклучени во тој проект“, ја цитира РИА „Новости“ прес-службата на Кремљ. Путин и Ципрас исто така дискутирале за заедничките инфрастуктурни планови, проблематиката на енергетската соработка...

Претходно Грција веќе пројави интерес во врска со изградбата на гасоводот преку својата територија кон Европа. На крајот на април првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер ја посети Атина каде имаше разговори со премиерот на Грција по ова прашање. Потоа стана јасно дека за изградба на гасоводот во Грција ќе бидат потребни околу 2 милијарди.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња