Пушков: Обама нема срце лично да му ја честита Победата на нашиот народ

Главниот советник за Русија во администрацијата на Белата куќа Селест Воландер претходно изјави дека претседателот на САД и неговиот помошник за национална безбедност замолиле да му се пренесат „на рускиот народ честитките по повод денешниот јубилеј“, пренесува РИА „Новости“.

Коментирајќи го фактот дека претседателот на САД Барак Обама им го честитал на Русите Денот на Победата преку својот советник, шефот на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума на својот Твитер-профил напиша дека секакви „коментари се излишни“, пренесува РИА „Новости“.

Како што соопштија медиумите, претходно советникот за Русија во администрацијата на Белата куќа Селест Воландер изјави дека претседателот на САД и неговиот помошник за национална безбедност замолиле да му се пренесат „на рускиот народ честитките по повод денешниот јубилеј“.

Коментирајќи ја изјавата на Воландер за тоа дека „претседателот Обама е посветен на продолжувањето на дијалогот со Русија во врска со овие несогласувања и спорни прашања“, пратеникот во Државната дума напиша дека во дадениов момент дијалог меѓу двете страни нема.

„Обама „е посветен на продолжувањето на дијалогот со Русија“. Зар е можно да се продолжи нешто што го нема? Дијалогот допрва треба да се воспостави“, напиша пратеникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња