Претседателот на Украина Петро Порошенко им се заблагодари на светските лидери за бојкотот на Парадата на Победата на 9 мај во Москва, пренесува „Интерфакс”.
„Во име на украинскиот народ им благодарам на многуте светски лидери што нема да учествуваат на парадата во Москва“, рече Порошенко во текот на посетата на Гдањск.
Според него, „на парадата во Москва ќе биде демонстрирано оружје кое се користи на истокот на Украина“.
Претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума Алексеј Пушков напиша на својот Твитер-профил дека Порошенко во Гдањск им се заблагодарил на лидерите кои не дошле во Москва на 9 мај, но дека тоа нема да му помогне на Киев.
„Доаѓаат многу лидери. Бојкотот не успеаˮ, изјави Пушков.
Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на „Директната линија“ рече дека Русија ја почитува одлуката на сите лидери кои нема да одат на Парадата, истакнувајќи дека „не е исклучено дека таквата одлука ја донеле под влијание на Вашингтонˮ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче