Моторџиите од мотоклубот „Ноќни волци“ стигнаа до главниот град на Германија и го посетија во петокот руско-германскиот музеј „Берлин-Карлсхорст“. Ова за ТАСС го изјави претставникот на клубот Александар Шаповалов.
„Ние сме во Берлин, утре сакаме да им оддадеме почит на паднатите војници на спомениците во парковите Трептов и Тиргартен“, истакна тој.
„Костурот на групата го сочинуваат „Ноќните волци“, вклучувајќи ги и членовите на филијалите на клубот, на пример, од Балтикот, од Македонија, ни се придружуваат и локални моторџии“, изјави Шаповалов.
Според информациите на агенцијата ДПА, пред музејот „Берлин-Карлсхорст“ на 8 мај се собраа заедно со локалните, над 30 моторџии.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче